„Форбс“ објави дека свеченото отворање на летните Олимписки игри во Токио во телевизиски пренос го гледале 17 милиони Американци, што е драстично помалку за разлика од минатите Олимпијади.
Отворањето на зимските ОИ во Пјонгјанг во 2018 година го гледале 28,3 милиони Американци, додека отворањето на ОИ во Рио во 2016 година го следеле 26,5 милиони луѓе.
Рекордот е на отворањето на ОИ во 2012 година во Лондон – во САД го следеле 40,7 милиони гледачи.
„Пандемијата на коронавирусот, одложувањето на Игрите, протестите на Јапонците кои беа против одржување на Олимпијадата влијае на пад на интересот на ОИ“ пишува „Форбс“.
Сепак, „НБС“ објави дека отворањето на ОИ во Токио е вториот најгледан настан годинава во САД по интервјуто на Опра Винфри со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Меркл.