Top Sport

Ретро бокс! Најлошиот боксер во историјата, Џими Смит (видео)

Боксерските фанови честопати се во дискусија за тоа кој е најдобриот на сите времиња, со имиња како Мајк Тајсон, Мухамед Али, Флојд Мејведер Јуниор, Шугар Реј Ленард… Но, кој е најлошиот професионален боксер во историјата?

Ако се верува на Интернетот, тоа секако е Џими Смит. Боксерот кој имаше само еден професионален меч (и три аматерски), откако на 13 декември 1991 година загуби меч од Тони Моско за само 22 секунди. Иако во историјата на боксот имало и побрзи нокаути, тешко е да се најде пример во кој боксерот е толку нестручен во тоа што го работи.

И тоа беше крајот на неговата боксерска кариера.

Scroll to Top