Top Sport

РФ: Надал може да биде најголемиот во историјата на тенисот

Ривалството помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал според многумина е најголемото во историјата на тенисот. За својот ривал со многу почит зборувал Федерер пред егзибицискиот меч со Александар Зверев во Аргентина.

„Тој е сјајна личност и голем играч. Кој можеше да помисли дека оваа година повторно ќе биде број 1, кога се знае дека прв пат на врвот бил пред 11 години? Сите зборуваа дека е повреден, дека во некој момент нема да биде здрав, дека неговата игра е брутална за телото. Но тој најде начин да одигра уште една извонредна сезона и да освои две Грен-слем титули“, рекол Федерер и дополнил.

„Тој има 19 Грен-слем трофеи, јас лично уживав кога заедно игравме во Лејвер купот. Многу научив од него, тој е голем шампион, одличен е за тенисот…среќен сум што ги имавме тие битки особено во Вимблдон, Ролан Гарос, дури и во Австралија. Бевме дел од неколку епски мечеви, а тој можеби ќе биде запаметен како најдобриот тенисер на сите времиња. Толку е добар“.

Федерер и Надал меѓу себе играле 40 пати. Надал води со 24-16, иако Федерер победил во шест од последните седум мечеви.

Scroll to Top