Полската тениска атракција во Париз, на последниот годинешен грен слем турнир Ролан Гарос, Ига Свјонтек (51-ва на АТП листата) обезбеди пласман во големото финале откако предмалку со 2-0 во сетови (6-2 и 6-1) ја совлада 23-годишната Аргентинка Надја Подороска.
19-годишната тенисерка за 72 минути ја неутрализираше 4 години постарата Подороска (131-ва на АТП листата) и со убедлива игра испишува историја за себе.
Во првиот сет Свјонтек беше сигурна, направи два брејка и со 6-2 стигна до предност од 1-0 во сетови.
Во вториот сет Аргентинката се закани, се обиде да го продолжи мечот, направи и брејк, но затоа пак полската тенисерка дури трипати и го одзема сервисот, па пласманот во финалето за Свјонтек се чини дека е повеќе од заслужен.
До финалето таа ги елиминираше Тревисан, Халеп, Бушар, Ксиеј и Вондрусова, а турнирот го започна од квалификациите.
Welcome to the final ?
19-year-old @iga_swiatek dominates Podoroska 6-2 6-1 to become the first ?? woman in the Open Era to reach the title match in Paris.#RolandGarros pic.twitter.com/48CIv1C8vO
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 8, 2020