Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласираше во своето прво гренд слем четврт-финале во кариерата, откако со 6:2/7:5 ја елиминираше осмата носителка, Серена Вилијамс, ставајќи крај на надежите на американската ветеранка дека може до својот 24. гренд слем трофеј.
21-годишната Рибакина, која е родена во Москва, но го претставува Казахстан, интересно својата кариера ја почнала во гимнастиката и уметничкото лизгање, пред да и биде кажано дека е премногу висока за да стане професионалец во тие спортови (1.84 метри).
Рибакина одигра фантастичен меч на теренот „Филип Шартие“, освојувајќи го првиот сет со доминантни 6:3, пред во вториот да и биде многу потешко да ја комплетира победата. Таа ќе биде фаворитка во четврт-финалето против Русинката Анастасија Пављученкова, која ја победи Викторија Азаренка во три сета.