Бордот на директори на Кралската шпанска тениска федерација (РФЕТ) едногласно го одобри предлогот за одредување на „Национален де на тенисот“ на 3 јуни, роденденот на најдобриот шпански тенисер во историјата, Рафаел Надал.
Според предлогот, на 3 јуни над 1.500 тениски клубови во Шпанија ќе го одбележат празникот со турнири, изложби и посеби церемонии.
„Идејата беше фантастична, а шпанскиот фудбал има што да слави. Го имаме најдобриот шпански спортист на сите времиња, актуелни шампиони сме од Дејвис купот и мораме да го одбележиме тоа“, вели Мигуел Дијаз, претседателот на РФЕТ.
Со 20 гренд слем титули и 36 Мастерс 1000 трофеи, Надал е еден од најдобрите тенисери на сите времиња и вистинска легенда во својата татковина. Тој е во топ 10 на АТП листата од април 2005 година и останува конкурентен и покрај низата повреди и паузи.