Top Sport

Родик: Новак прво ви ги зема нозете, потоа ви ја зема душата

Новак Ѓоковиќ со мали проблеми успеа да стигне до четврт-финалето на Ју-ес опен. Првиот носител, во дуелот со Џенсон Бруксби, си дозволи да го загуби првиот сет со 6/1, но потоа рутински ги доби преостанатите три со 6/3, 6/2, 6/2.

Во текот на мечот помеѓу најдобриот во светот и талентираниот Американец на кого му предвидуваат блескава иднина, на Твитер се огласи шампионот на Ју-ес опен од 2003 година, Енди Родик.

„Ви ветувам една работа. Како ќе тече мечот, Новак на ова дете ќе му го приреди најболното искуство кое некогаш го имал. По час и пол, момчето чувствува болка во телото. Новак може се да издржи…Прво ви ги зема нозете, потоа ви ја зема душата“, напишал Родик.

Scroll to Top