Top Sport

Роџер Федерер – највредниот бренд во светот на спортот

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се наоѓа на првото место на листата на „Форбс“ на највредните брендови во светот на спортот.

Американскиот магазин кој се занимава со анализа на финансиските, стопанските, инвестициските и маркетинг темите, повторно го избра Федерер и неговиот бренд за број 1. Брендот на Швајцарецот, во однос на минатата година бележи раст од 3,3 отсот и е проценет на 37,2 милиони долари.

Федерер зад себе ги остави Леброн Џејмс (33,4 милиони долари) и Јусеин Болт (27 милиони долари).

Во Топ 10 на листата се уште и Кристијано Роналдо, Фил Микелсон, Тајгер Вудс, Вират Кохли, Рори Мекилрој, Лионел Меси и Стеф Кари.

Роџер Федерер некаде во јуни годинава потпиша спонзорски договор со „Барила“ вреден 40 милиони долари. Оваа компанија влезе во спонзорскиот тим на Швајцарецот во кој меѓудругите се „Мерцедес Бенц“, „Најки“, „Ролекс“, Кредит Суис“…

Тој беше најплатениот светски тенисер во период јуни 2016-јуни 2017 година со заработка од 54 милиони долари.

Исто така, извесно е дека до крајот на годината ќе го престигне Новак Ѓоковиќ по заработката од турнирските награди. Швајцарецот во моментов е на сума од 109.387.410 милиони американски долари, додека Србинот има заработено 109.805.403 милиони доалри.

Scroll to Top