Top Sport

Роџерс со најдобро време сезонава на 100 метри

Американскиот спринтер Мајкл Роџерс, на шампионатот во Ајова, го истрча најдобриот резултат оваа сезона на 100 метри. Ветеранот забележа резултат 9,89 секунди.

Роџерс (33), во квалификациската трка за Светскиот куп во Лондон, ги победи помладите колеги и се доближи до својот личен рекорд 9,85 секунди.

Трката на второто место ја заврши 20-годишниот Ноа Лајлс (9,92 секунди), додека Ајзеа Јанг и Камерон Бурел имаа време 9,93 секунди.

Претходно, најдобриот резултат оваа сезона го оствари Британецот Зарнел Хјуз 9,91 секунди.

Светскиот рекорд на 100 метри останува во сопственост на Јусеин Болт 9,58 секунди.

Scroll to Top