Примож Роглич го освои златниот медал во трката на хронометар на Олимписките игри во Токио. Златото од Токио е најголемиот успех во кариерата на овој велосипедист од Словенија.
Патеката, со многу нагорнини и спустови, долга 44,2 километри, со просечна брзина од 48,2 километри на час, Роглич ја мина за 55:04.19 минути.
Роглич во целта за 61 секунда беше побрз од Белгиецот Тома Димулан, додека третото место му припадна на Роан Денис од Австралија.
Денис за само четири десетинки беше побрз од Швајцарецот Шетфан Кинг, во борбата за бронзениот медал.
Роглич пред почетокот на сезоната си постави две цели, победа на Тур д’Франс и злато во Токио. Од Трката околу Франција се повлече по само неколку етапи поради повреда, но имаше доволно време да закрепне и да се подготви за олимписката трка.
Златото на Роглич е втор медал за Словенија на велосипедските натпреври, претходно Тадеј Погачар освои бронза во друмската трка.