Вториот гренд слем од сезоната, Францускиот опен ќе стане четврт гренд слем, откако организаторите објавија дека го „преселуваат“ по крајот на САД опен во септември поради корона вирусот.
„Јавната здравствена криза влијае на целиот свет и да го осигураме здравјето и безбедноста на сите на турнирот, одлучивме Ролан Гарос да се оддржи од 20 септември до 4 октомври“, се вели во соопштението на Ролан Француската тениска федерација.
Франција е една од земјите кои во последните недели стана „жариште“ на корона вирусот со над 6.000 случаи, а во понеделникот францускиот претседател Емануел Макрон објави стриктни мерки и ограничувања на движењето.
⚠️The Roland-Garros tournament will be played from 20th September to 4th October 2020.#RolandGarros pic.twitter.com/eZhnSfAiQA
— Roland-Garros (@rolandgarros) March 17, 2020