Ролан Гарос нема да го следи примерот на Вимблдон и ќе дозволи настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки на гренд слем турнирот во Париз, реагирајќи на острите осуди кон британската тениска асоцијација.
Ол Ингланд клубот неодамна потврдија дека руските и белоруските тениски ѕвезди нема да играат на Вимблдон по советот на британските власти да не се дава „простор“ на руската пропаганда на претседателот Владимир Путин.
Професионалните федерации ВТА и АТП се спротиставија на оваа одлука најавувајќи „одговор“ на оваа одлука, но сега познатиот тениски новинар Луиџи Гато вели дека е донесена одлука Ролан Гарос да не го следи овој пример.