Top Sport

Романец суспендиран на пет години поради местење натпревари

Романскиот тенисер Петру-Александар Лункану е суспендиран на пет години и казнет со 40.000 долари поради местење натпревари.

Лункану беше прогласен за виновен затоа што не соработувал со ИТИА со тоа што не дозволил да се анализира неговиот телефон.

Пет од седумте обвиненија за наместени натпревари поднесени од ИТИА против Лункану биле потврдени на сослушувањето за борба против корупцијата, се вели во соопштението на агенцијата.

Најдобриот пласман на Романецот на АТП листата беше 304. место во 2009 година.

Scroll to Top