Top Sport

Романкевич го „патосираше“ легендарниот Зулузињо

Бразилскиот ММА ветеран Зулизињо беше „жртва“ на еден од најбруталните нокаути во ММА кафезите оваа година, откако беше пратен на подот од Белорусинот Петр Романкевич на АМЦ фајт најт 144 во Минск.

44-годишниот Зулузињо, кој е син на легендарниот борец Реи Зулу, во финишот на својата кариера има ММА мечеви во Русија и Србија, но ваков нокаут доживува првпат во животот. Огромниот Бразилец го имаше Романкевич на подот на 10-тина секунди пред крајот на првата рунда, но судијата реши дека двајцата треба да станат, по што Романкевич со низа удари го „здроби“ ривалот.

Scroll to Top