Романската тенисерка Александра Каданту вели дека првата средба со Серена Вилијамс и оставило „вечен“ впечаток, откако ја видела 23-кратната гренд слем шампионка гола во соблекувалната и била шокирана од тоа колку „таа е голема“.
30-годишната Каданту се потсети на првиот настап на гренд слем турнир, на Австралија опен во 2012 година.
„Првпат кога бев на гренд слем турнир и првото сеќавање од таму ми е влегувањето во соблекувалната и првиот поглед на Серена Вилијамс во мојот живот. Беше гола и јас цела недела бев шокирана бидејќи беше толку голема. Неверојатна физичка градба, но и неверојатна подвижност и игра на теренот“, вели Каданту.
Романката загуби во првото коло таа 2012, и никогаш во кариерата не играше против Вилијамс, со која имаа целосно различни кариери. Највисокиот пласман на Каданту на ВТА рејтинг-листата беше 59. место во 2014, а сега е само на 292. место. 38-годишната Вилијамс, пак, во кариерата освои 23 гренд слем титули, иако загуби во последните четири големи финалиња.