Top Sport

Рони и покрај грешките има 6:2 водство во финалето на СП

Рони О’Саливен има 6:2 водство против Кајрен Вилсон по првата сесија од финалето на Светското првенство во снукер во Шефилд, откако и двајцата играчи направија голем број на грешки.

Петкратниот шампион О’Саливен брзо го освои првиот фрејм, пред Вилсон да израмни и покрај тоа што губеше со 44 поени. Аутсајдерот направи многу грешки за да дозволи О’Саливен да ги освои следните два фрејма.

Двајцата играчи не беа на највисоко ниво, правејќи многу грешки во попладневната сесија, пред Вилсон да се врати на 3:2 со брејк од 63, по што ги искористи грешките и стигна до првата „стотка“ за 5:2 водство. Маратонскиот осми фрејм беше полн со грешки, но О’Саливен ги заддржа нервите за да поведе со 6:2 пред вечерната сесија на „Крусибл“.

Scroll to Top