Top Sport

За среќа е жив! Евенепел падна во „провалија“ на трка во Италија!

Фаворитот за победа на саботната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, Белгиецот Ремко Евенепел заврши во болница по застрашувачки пад во текот на трката, паѓајќи во провалија.

Белгискиот талент отиде преку оградата пред еден мост при едно спуштање на трката, но е „жив и свесен“, објави италијанската радиотелевизија РАИ.

Ова е застрашувачки момент за 20-годишниот Евенепел, кој има фантастични девет победи оваа сезона, најмногу од сите велосипедисти.

Данецот Јакоб Фуглсанг стигна до победата на трката, негова втора монументална победа по минатогодишната Лиеж-Бастоњ-Лиеж.

Scroll to Top