Top Sport

Рони О’Саливен: Девет години од мојот живот загубив на забави

Снукер-легендата Рони О’Саливен во последното интервју за „Евроспорт“ признава дека залудно потрошил девет години од неговата кариера со претерани забави.

Петкратниот светски шампион сигурно ќе остане запишан како легенда на спортот и еден од најдобрите во историјата, но неговата кариера исто така е одбележана и со алкохолизам, депресија, користење на дроги.

Тој смета дека неговиот „див стил на живот“ бил главната причина што првата титула светски шампион ја освои во 2001 година, наместо многу порано, откако првата титула ја освои на УК шампионатот во 1993 година.

„Едноставно, премногу се забавував. Снукер сезоната траеше од септември до мај, а светскиот шампионат е последен турнир на сезоната. Ако имав лоша сезона, сметав дека е подобро да се заврши побргу за да можам да одам по забави со другарите. Тоа ми носеше неверојатно задоволство. Кога, конечно, ја освоив титулата чувството беше фантастично и не ми беше грижа дали ќе победам уште еднаш бидејќи моето име беше изгравирано на трофејот. Од 1995 до 2000 не посветував доволно времен на снукерот и загубив многу. Исто така од 2005 до 2007, па повторно од 2009 до 2011. Затоа сметам дека девет години од моите 27 години кариера ментално не бев тука“, вели О’Саливен.

Scroll to Top