Top Sport

Хорнер: Либерти медија ќе ги спаси малите Ф1 тимови

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер смета дека е непотребно да се крева паника и дека сопствениците на Ф1, „Либерти медија“ финансиски ќе ги помогнат малите тимови поради кризата со корона вирусот.

Досега беа откажани или одложени дури 9 трки, а последниот план е да се стартува со Австриското ГП во јули, додека повеќето мали тимови кои се базирани во Велика Британија ја искористија шемата на владата и ги поставија своите вработени на социјална помош. Хорнер вели дека „Либерти“ ќе осигура на стартот да има 10 тимови.

„Би бил огромен удар за спортот, така што промотерот ќе мора да одлучи што понатаму. Тоа е нивниот бизнис, тие треба да одлучат како да ги остават овие тимови во живот, бидејќи за тркање ви се потребни тимови. Момците од ’Либерти’ ќе направат сè да осигураат 10 тима на стартот и следната сезона. За да го заштитат својот бизнис во прв план“, вели Хорнер во интервју за „Гардијан“.

Следната сезона ќе се вози со ограничен буџет од 150 милиони долари, додека Ред бул, Мерцедес и Ферари во моментов трошат повеќе од двојно од таа сума.

„Тимовите се конкурентни и секогаш се бара мала предност. Проблемите со ограничениот буџет беа за конкурентност, а не за финансиска издржливост. Сега врвните тимови ќе бидат на ниво со кое тие од средината ќе можат да се поблиску“, додава Хорнер.

Scroll to Top