Top Sport

Рони О’Саливен: Можеби на следниот турнир ќе играм со една рака

Рони О’Саливен вели дека ќе го смени името во маскотата на рестораните „Мекдоналдс“, Роналд Мекдоналд за веќе да не го прашуваат за пропуштената шанса да освои бонус од 1 милиони фунти од серијата „Хоум нејшн“.

Петкратниот светски шампион дури вели дека му олеснало кога загуби со 4:1 од Елиот Слесор во четвртокот за да испадне од Северна Ирска опен. Бонусот од 1 милион фунти тој ќе го заработеше со победа на турнирите во Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс, откако претходно го победи Кајрен Вилсон со 9:2 во финалето на Англија опен.

„Беше навистина смешно. Повеќе шанси имаш да добиеш на лотарија. Но, мислам дека дадов добар турнир и четврт. Сега ќе мора да најдете нешто поинтересно за зборување. Можеби ќе ја скршам раката следната недела. Ќе се обидам да победам на УК шампионатот со една рака? Или да играм со нозе? Да го сменам името во Роналд Мекдоналд? Кажете ми како да ви угодам, па ќе бидеме на насловните страници. Сите сакаме насловни страници. Тие се добри за снукерот“, изјави лутиот О’Саливен.

Слесор му го уништи сонот од милион фунти на О’Саливен (видео)

Scroll to Top