Top Sport

Добар гест: Донарума се сретна со малиот навивач кој плачеше

Младиот навивач кој беше во солзи по поразот на Милан во градското дерби против Интер, доби посебна прошетка низ Миланело каде што се сретна со својот херој Џанлуиџи Донарума.

Фотографијата на која малиот Алфонсо плаче носејќи го дресот на голманот на Милан по 3:2 поразот во „Дерби дела мадонина“ стана хит во Италија, а беше „фатена“ кога Икарди постигна гол од пенал во 90. минута за 3:2 пораз на Милан.

Менаџерот на заедницата (да, Милан имаат и таква позиција во клубот), Пасквале Кампопјано, бараше информации за младиот фан, кој во петокот доби прошетка низ тренинг-центарот на клубот во Миланело.

Овојпат, малиот Алфонсо беше посреќен!

Scroll to Top