Пред стартот на првиот годинешен грен слем, Австралија Опен, Швајцарецот Роџер Федерер и со 39 години се уште не се предава. Пред 2 години во Австралија го освои својот последен, грен слем трофеј од вкупно 20, а годинава повторно е меѓу еден од фаворитите за престижнува титула.
„Искрено, би сакал конечно да освојам голем трофеј, Бев толку близу минатата сезона, го победив Надал, а од Новак ме делеше само еден поен. Им покажав на моите најголеми противници `уште сум во состојба да ве победам`. Морам да тренирам јако“ рече Федерер за австралиските медиуми.
Сепак, освојувањето на титулата не е единственото во неговите соништа.
„Би сакал и олимписко злато или барем медал во Токио. Сакам да се квалификувам и на завршниот турнир во Лондон и таму да се обидам да дојдам до титулата“ – вели освојувачот на 103 трофеи во кариерата.
Федерер даде свој коментар и околу младите тенисери, наследници на „големата тројка“.
„По минатата сезона, Циципас се наметнува како следен број 1. Навистина е тешко да се прогнозира кој ќе биде најдобар во светот. Тука би ги издвоил и Александер Зверев, Феликс Оже-Алијасим и Данил Медведев“ вели Федерер.