Русинот Андреј Рубљев му се приклучува на Александер Зверев како квалификуван тенисер за „Некст џен“ финалето, турнирот која АТП турнејата го организира за првпат и на кој ќе учествуваат најдобрите тенисери до 20 години. „Некст џен“ финалето ќе се одржи од 7 до 11 ноември во Милано, Италија.
19-годишниот московјанин Рубљев имаше одлична сезона, која „експлодираше“ во јули, кога иако беше поразен во последното коло на квалификациите, победи во пет меча за да ја освои првата титула на Плава лагуна опен во Умаг, Хрватска. Следниот месец тој стана најмладиот четврт-финалист на САД опен по Енди Родик во 2001 година, победувајќи ги Григор Димитров и Давид Гофан, пред да загуби од подоцнежниот шампион, Рафаел Надал.
Со само две недели на календарот, на третото место е рускиот сонародник на Рубљев, Карен Хачанов, пред Канаѓанецот Денис Шаповалов.