Шестиот носител, Андреј Рубљов се пласираше во четвртото коло на Мастерсот во Мајами, откако со 6:1/6:2 го декласираше Србинот Миомир Кецмановиќ.
Во доминантен меч, на Рубљов му беа потребни само 58 минути за победа за да го подобри скорот против Кецмановиќ на 2-0. Во следното коло, Рубљов, кој ја брка својата прва АТП Мастерс 1000 титула ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Јаник Синер и Григор Димитров.
Во четвртото коло е и Американецот, Тејлор Фриц, кој со 6:4/6:4 беше подобар од Канаѓанецот Денис Шаповалов, како и младиот Данец, Холгер Руне, кој со 6:4/6:2 доминираше против Диего Шварцман.