Top Sport

Рубљов: Неизбежно ќе е играчите да се заразат штом тенисот продолжи

Рускиот тенисер Андреј Рубљов (22), кој моментов 14-ти на АТП листата смета дека коронавирусот ќе постои и кога сезоната ќе продолжи.

Тенисот е блокиран од 12 март, а првиот официјален турнир е закажан на 14 август, во Вашингтон.

Сепак, многу од играчите решија да ја прескокнат американската турнеја затоа што пандемијата на вирусот таму не се намалува.

„Мислам дека ќе биде неизбежно играчите да се заразат кога турнирите ќе продолжат. Гледаме што се случува во другите спортови, кои веќе продолжија. Мечевите и натпреварите и понатаму траат“ – смета Рубљов.

Русинот беше сведок на откажување на турнир поради коронавирусот – беше дел од „Адрија тур“ во Задар кога Григор Димитров беше откриен дека е позитивен на Ковид 19.

Scroll to Top