Top Sport

Рубљов го освои Бастад, Качин со прва титула во Гштад

Вториот носител, Русинот Андреј Рубљов стигна до својата втора титула во 2023 и 14. АТП круна во кариерата, откако во финалето на Бастад опен во Шведска го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 7:6(3)/6:0.

Во финалето во Гштад, Швајцарија пак, Аргентинецот Педро Качин стигна до својата прва титула, совладувајќи го Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас в три сета со 3:6/6:0/7:5.

28-годишниот Качин немаше загубено сет на патот до финалето на турнирот на земја, елиминирајќи го и првиот носител Роберто Баутиста Агут во второто коло. Против Рамос-Вињолас, тој го загуби првиот сет, но Шпанецот потоа имаше проблеми со плускавците на прстите на нозете и го загуби вториот сет без освоен гем. Во третиот сет, Рамос-Вињолас, кој беше шампион во Гштад од 2019 се врати во игра, но немаше сили да го сопре Аргентинецот.

Scroll to Top