Норвежанецот Каспер Руд стигна до својата 10. титула во кариерата и прва во 2023 година, откако во финалето на турнирот на земја во португалскиот Есторил со 6:2/7:6(3) го совлада Србинот Миомир Кецмановиќ.
Кецмановиќ го играше само своето второ финале во кариерата и одеше на втора титула по таа против Кицбил во 2020, но немаше шанса против специјалистот за игра на земјена подлога. Руд го доби првиот сет со серија од пет гема за рутински 6:2, пред во вториот сет да има повеќе борба и немаше брејк во текот на целиот меч. Во тај-брејкот, Норвежанецот беше доминантен со 7:3.