Top Sport

Руд преку Циципас до титулата во Барселона

Норвежанецот Каспер Руд го освои турнирот во Барселона. Во финалето го победи Стефанос Циципас.

Руд стигна до победата по 91 минута игра – 7:5, 6:3.

тенисерот од Норвешка го освои 11. трофеј во кариерата. Интересно ова е најголема титула во кариерата на Руд, претходните 10 трофеи ги освои на турнирите од категоријата 250.

Руд во кариерата игра три пати финале на грен слем: Ролан Гарос (2), Ју-ес опен, а бил финалист и на турнирите од серијата 1.000: Монте Карло, Мајами, Торонто.

Ова беше петти дуел на Руд и Циципас и трета победа за Норвежанецот.

Циципас започна подобро, направи брејк во првиот гем, но Руд се врати во шестиот, кога му го одзеде сервисот на ривалот.

Клучниот брејк Каспер го направи во 12. гем, кога ја искористи првата бреј односно сет топка.

Руд, во вториот сет му го одседе сервисот на Циципас во четвртиот гем, а во шестиот имаше уште две шанси, но Циципас успеа да се извлече.

Пропуштените прилики не го чинеа, бидејќи набрзо ја заврши работата, нанесувајќи му го на Циципас првиот пораз сезонава на земјана подлога.

Следен турнир и за двајцата ќе биде Мастерсот во Мадрид, кој е закажан од 24 април до 5 мај.

Scroll to Top