Новиот ВБА, ИБФ и ВБО шампион во тешка категорија, Мексиканецот Енди Руиз Јуниор вели дека Ентони Џошуа „не е многу добар во боксувањето“ пред двајцата повторно да се сретнат во рингот до крајот на годината.
Руиз направи една од најголемите сензации во историјата на тешката категорија, кога го нокаутираше Џошуа во седмата рунда во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк за да му ги одземе шампионските појаси и пред ри-мечот кој беше задолжителен во договорот, Руиз е сигурен дека ќе има нова победа.
„Ги знам неговите недостатоци, а можам да бидам многу подобро. Тој само знае да трча наоколу, за бокс не го бива. Ри-мечот ќе биде ист, освен што јас ќе бидам подобро подготвен. Луѓето мислеа дека тој ќе ме здроби, дека сум премногу дебел, но им покажав. Следниот меч ќе биде подобар“, вели Руиз.