Top Sport

Руиз со закана до Џошуа: Во рингот нема почит, појасите одат во Мексико

Ентони Џошуа и Енди Руиз Јуниор вечерва му се обратија на боксерскиот свет пред мечот кој викендов ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Британецот Џошуа во мечот против предизвикувачот Руиз ќе го брани појасот шампион во ИБФ од 2016, ВБА од 2017, ВБО од 2018 и ИБО од 2017 година.

Предизвикувачот изјави на промоцијата дека го почитува Џошуа, но не му се плаши.

„Тие појаси изгледаат сјајно, подготвен сум да станам светски првак во тешка категорија. Тие појаси никогаш не биле во Мексико, ама ќе бидат. Немам ништо лошо да кажам за Џошуа, јас сум негов обожавател, но во рингот нема да има почит за него“ рече Руиз.

Шампионот ќе мора да се потруди да го среди Мексиканецот кој е познат како боксер со големо срце. Џошуа изјави дека Руиз е тешко да го собориш.

„Енди е опасен исто како Фјури и Вајлдлер, опасно го сфатив, го респектирам. Нема борба по борбата, тогаш кога рацете ви се во воздух, кога вашиот сопарник е поразен“ – рече Џошуа.

Двајцата борци имаа увертира пред промоцијата, разменија тешки зборови:

Енди Руиз: Ќе бидам прв кој го запрел Џошуа, во рингот сум животно!

Џошуа: Ако Руиз јаде г…а ќе му ја скршам вилицата

Scroll to Top