Top Sport

Руиз уште потежок за дуелот, Џошуа значително послаб! (видео)

„Дуелот на дините“, ри-мечот за титулата во тешка категорија помеѓу Енди Руиз Јуниор и Ентони Џошуа стана „официјален“, откако двајцата го поминаа мерењето пред пресметката во Дирјах, Саудиска Арабија.

Џошуа и визуелно беше ослабен од претходниот меч, и тоа се покажа на вагата и тој имаше 107.8 килограми (237.8 фунти) или цели 5 килограми послаб од првиот меч во јуни. Мексиканецот Руиз, пак, кому луѓето му се потсмеваа поради вишокот килограми и пред првиот меч, реши со поинаква тактика и имаше 128.3 килограми (283 фунти), повеќе од 7 килограми повеќе од мечот во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, кога го суреди Британецот во едно од најшокантните изненадувања во историјата на тешката категорија.

Двојката ќе се бори за ВБО, ИБФ и ВБА титулите во тешка категорија во сабота.

Scroll to Top