Top Sport

Руне го елиминираше Шаповалов од Ролан Гарос

Младиот дански тенисер, Холгер Руне, го приреди првото големо изненадување, на машкиот дел од турнирот, на Ролан Гарос. Руне, во првото коло го победи 15. на АТП листата, Денис Шаповалов.

До првата победа во кариерата, на турнирите од Гренд слем серијата, Данецот дојде за 122 минути, со 6:3, 6:1, 7:6 (4). .

Руне дојде на турнирот во Булоњската шума како 40-ти на АТП листата, а против Шаповалов доминираше и заслужено отиде понатаму.

Сензацијата, Руне ја најави во првиот сет, кога два пати успеа да му го одземе сервисот на фаворизираниот противник.

Вториот сет беше уште поубедлив во корист на Данецот, тој лесно поведе со 3:0, а потоа направи нов брејк за 5:1 и потоа рутински сервираше за 2-0 во сетови.

Шаповалов се закани само во третиот сет, доста добро се држеше до 4:4.

Потоа Руне направи брејк и поведе со 5:4, но кога требаше да го добие натпреварот, раката му затрепери. Не ја искористи меч топката, а Шаповалов направи брејк.

На 6:5, Денис исто така имаше сет топка на сервис на Руне, но не ја искористи.

Тоа набрзо го чинеше мечот, бидејќи Руне го доби тај-брејкот со 7:4.

Во второто коло Руне ќе се соочи со Педро Мартинез или Хенри Лаксонен.

Scroll to Top