Top Sport

Миркуловски ја заврши кариерата, ќе продолжи како тренер во Вецлар

Македонската ракометна легенда, Филип Миркуловски (38), кариерата ќе ја продолжи во стручниот штаб на Вецлар, екипа во која како играч пристигна во 2015 година. Миркуловски пред еден месец, во Скопје, стави крај на репрезентативната кариера, а сега и на кариерата во клубот.

Миркуловски од наредната сезона ќе му биде асистент на првиот тренер на Вецлар, Бен Мачке.

„Среќен сум што останувам како помошен тренер во Вецлар по мојата играчка кариера. Благодарен сум им на челниците што ми дадоа шанса да се развивам како тренер. Ќе ми биде задоволство да му помагам на тренерот Мачке. Во наредната сезона ќе ја имаме една од најмладите екипи во Бундеслигата. Нашиот тим е стратешки добро склопен и ветува успешна иднина за Вецлар“, изјави Миркуловски за клупската интернет страница.

Миркуловски во својата кариера како играч настапуваше за Металург, Младост Богданци, Хановер и Вецлар.

Scroll to Top