Холгер Руне се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло со победата над Данил Медведев во два сета.
Деветтиот тенисер во светот славеше против третиот за само 78 минути игра со резултат 6:3, 6:4.
Руне го доби првиот сет со еден брејк во раната фаза од мечот. Во првиот сет имаше само три топки за брејк, сите ги имаше Руне во четвртиот гем, кога успеа да му го одземе сервисот на Медведев.
Вториот сет донесе нешто пожестока борба, по еден брејк имаше во раната фаза од сетот, а клучнот момент се случи во деветтиот гем кога Медведев уште еднаш потклекна.
Руне со оваа победа стави крај на одличната серија во која беше Медведев. Рускиот тенисер на последните пет турнири играше во финалето, освои четири титули.
Во полуфиналето Руне ќе игра против најдобриот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Лоренцо Музети и Јаник Синер.