Top Sport

Руне и повредата посилни од Алкараз

Данскиот тенисер Холгер Руне ја освои титулата на турнирот од серијата 500 во Барселона.

Руне стигна до петтиот трофеј во кариерата откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (6), 6:2.

Алкараз, победникот во 2022 и 2023 година, го мачеше и повреда на мускулот на десната нога, поради која не можеше да биде на ниво, особено во вториот сет.

Првиот сет беше драматичен, Руне најпрво ја надополни негативата од брејк, а потоа пропушти две сет-токи, пред да го материјализира петтата во тај-брејкот.

Алкараз побара медицински тајм-аут во средината на вториот сет, Руне потоа направи брејк, па уште еден и ги реши дилемите околу победникот.

Алкараз се држеше до крајот, но практично статираше на теренот.

По овој пораз Алкараз од утре ќе падне на втората позиција на АТП листата.

Scroll to Top