Холгер Руне го забележа најголемиот успех во досегашната кариера, избори пласман во финалето на Мастерсот во Париз.
Младиот дански тенисер, 18. на АТП листата, продолжи со одличните настапи во последните неколку недели. Тој во полуфиналето го победи Феликс Ожер-Алијасим со 6:4, 6:2.
Руне на овој начин му се реваншираше на Канаѓанецот за поразот во финалето на турнирот во Базел.
Уморот го стигна Оже-Алијасом, кој во Париз дојде со три осоени титули: Фиренца, Антверпен и Базел, што му овозможи на Руне да дојде до победата.
Данецот, од друга страна ја потврди одличната форма, има 13 победи на последните 14 дуели.
Руне за трофејот во Париз ќе се бори со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.