Top Sport

Руседски: Надал е дури трет фаворит за освојување на Ролан Гарос

Тениската сезона беше прекината 5 месеци, продолжува на средината на август.

Ролан Гарос беше преместен поради коронавирусот, па ќе се одржи по САД опен, од 20 септември до 4 октомври.

Поранешниот четврти светски играч, Британецот Грег Руседски смета дека поради овие околности, играчот кој дури 12 пати го освојуваше турнирот во Париз, Шпанецот Рафаел Надал не е прв фаворит годинава.

„Промената на терминот на Ролан Гарос, како и суспензијата на тениската сезона ги менуваат работите. На Рафа повеќе му одговара да се игра побрзо, топката повеќе да отскокнува. Пред неколку години, со Ѓоковиќ играа до доцна, се играше поспоро што нему не му одговараше. Мислам дека оваа година предноста е на страна на Новак, а тука е и Доминик Тим, кој веќе покажа дека одлично се снаоѓа на земјена подлога и се заканува да стане „крал“ на оваа подлога. На Рафа ќе му биде тешко сезонава да го освои Париз“ вели Руседски.

Без оглед на таквата прогноза, Британецот не го исклучува Шпанецот од трката за трофејот. Вели дека е смешно да се отпише тенисерот кој 12-пати триумфирал во Париз.

Scroll to Top