Top Sport

Снајдер по стапките на Робен, му здосади фудбалската „пензија“

Медиумите во Холандија денеска објави информација дека нивниот легендарен фудбалер, Весли Снајдер се враќа на теренот, иако веќе е во фудбалска „пензија“.

Информациите се дека тој веќе тренира во петтолигаш, со аматерски тим, а наголемо преговара со Утрехт. Сепак, засега најголем проблем му е физичката подготовка.

Се сеќаваме на фотографиите од пред неколку месеци на кои Снајдер се појави со вишок килограми.

Весли Снајдер има 36 години, роден е токму во Утрехт, а по завршувањето на кариерата често можеше да се забележи на трибините на овој прволигаш.

Снајдер, кој заедно со нашиот Горан Пандев ја подигна шампионската титула во ЛШ со милански Интер под посебна програма ќе тренира до 27 јули, а потоа ќе се знаат неговите планови.

Кариерата ја започна во Ајакс, потоа играше за Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница.

Во 2018 година премина во Ал Гарафи по што ја заврши играчката кариера.

Scroll to Top