Олимписките спортисти од Русија изборија пласман во полуфиналето на хокераскиот турнир на Игрите во Пјонгчанг, откако во четвртфиналето ја декласираа Норвешка со 6.1.
Русите победата ја обезбедија уште во првата третина која ја добија со 3:0 со головите на Григоренко, Гусев и Војнов.
Единствениот гол за Норвешка го постигна Бонсакен во осмата минута од втората третина. До крајот на натпреварот Русија постигна уште три гола преку Калињин, Нестеров и Телегин.
„Мислам дека можеме даодиграме многу подобро од она што го одигравме денес. Како да застанавме по 30 минути игра. Тао не смееме да го правиме на останатите преостанатите натпревари“, рекол рускиот репрезентативец Ковалчук.
Русија во полуфиналето ќе игра против Чешка. Чесите во првото денешно четвртфинале по изведувањето на пенали ја совладаа репрезентацијата на САД.
Втората полуфинална двојка ќе биде формирана по одиграувањето на натпреварите Шведска-Германија и Канада-Финска.