Рускиот спортски инструктор Виталиј Вивчар влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако под вода крена 50 килограми.
По два месеци подготовки, Вивчар го оствари успехот во езерото Лебјажје во близината на градот Томск, откако го крена тегот 76 пати, победувајќи го претходниот рекорд на Американецот Грег Витсток за 14 кревања.
„Пред неколку години ја начекав книгата Гинисови рекорди и видов како човек крева товар под вода. Мислев дека имам доволно сила да го направам тоа, бидејќи имам искуство со кревање товар“, вели Вивчар.