Top Sport

Русинките (и Русите) се соблекоа на петгодишнината на Олимпијадата во Сочи (галерија)

Руските спортисти кои ја претставуваа својата земја на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година ја прославија петгодишнината од домашната Олимпијада со „гола“ фото-сесија со тема гордост и транспарентност.

Фото-сесијата е составена од спортистите како голи држат фотографии од нивните перформанси во Сочи, а во неа учествуваа и олимписките шампиони Виктор Ан (брзо лизгање-кратки патеки), Екатерина Боброва и Дмитриј Соловјев (уметничко лизгање), заедно со Ксенија Столбова и Фјодор Климов (уметничко лизгање), кои освоија злато и сребро во Сочи.

„Нема што да се крие, треба да сме горди. Од Сочи 2014 до Пекинг 2022“, се вели во коментарот на галеријата.

Во 2014, Русија беше прва со освоени 13 олимписки титули, две повеќе од Норвешка, меѓутоа успехот беше одбележен и со допинг-скандалот по кој Русија доби олимписко исклучување од ЗОИ во Пјонгчанг во 2018 година.

Scroll to Top