Top Sport

„Русинот“ Рој Џонс сака „битка“ со Федор Емелианенко

Боксерската легенда Рој Џонс Јуниор вели дека е заинтересиран да влезе во рингот или ММА кафезот со руската легенда Федор Емелианенко или со поранешниот УФЦ шампион Андерсон Силва, бидејќи не очекува да добие римеч со Мајк Тајсон.

52-годишниот Џонс Јуниор, кој во своите најдобри денови беше сметан за најдобар боксер без разлика на категоријата, на 28 ноември боксуваше во 10 рунди во реми против Мајк Тајсон и вели дека не очекува да има нов меч.

Џонс Јуниор е во Русија, каде што промовира низа боксерски школи кои ги вети на рускиот претседател Владимир Путин кога доби руско државјанство во 2015 година.

„Се обидувам да станам тренер, но уште има луѓе кои сакаат да ме гледаат како боксер. Засега не знам, но ако има добра понуда, тогаш ќе влезам во рингот. Не верувам дека повторно ќе боксувам со Тајсон, бидејќи сега се подготвува за Холифилд. Сакам меч со Андерсон Силва или со ММА легендата Федор. Ќе видиме што ќе испадне“, вели Џонс.

Scroll to Top