Данил Медведев и Андреј Рубљов ја предводеа Русија до финале на тенискиот Дејвис куп во Шпанија откако двајцата тенисери доминираа на мечевите против ривалите од Германија.
Второпласираниот на АТП листата – Медведев лесно излезе на крај со Јан Ленард Штруф со 6-4 и 6-4, а Рубљов беше уште поубедлив против Доминик Кепфер – 6-4 и 6-0.
Хендикеп за Германците беше отсуството на Александер Зверев.
Утре противник на Русите во финалето ќе им биде селекцијата на Хрватска која ја елиминираше селекцијата на Србија.
И двете селекции ќе тежнеат да дојдат до својата трета Дејвис куп титула.
Медведев во финалето најверојатно ќе оди на Марин Чилиќ, но тој е фаворит затоа што досега нема загубено ниту еден сет на турнирот во Мадрид.