Руската атлетичарка Маргарита Плавунова била пронајдена мртва на улица во градот Тамбов. Руските медиуми наведуваат дека 22 годишната девојка, која покрај со атлетиката се занимавала и со манекенство, починала од срцев удар.
Полицијата во Тамбов соопштила дека на телото на Плавунова немало траги од насилство и веднаш ја затвориле истрагата.
Плавунова била регионалена шампионка на 60 метри, а учествувале и во трките на 100 метри и на 400 метри со пречки.