Не стивнува меѓународната „бура“ по повод казната за Русија поради големата допинг афера. Поранешната Меѓународна атлетска федерација (ИААФ) која се преименува во Светска атлетика и понатаму не им дава дозвола на руските атлетичари да се натпреваруваат. Причина за тоа, како што велат, е дека е исполнет само дел од поставените услови.
Поради тоа светската шампионка во скок во височина, Марија Ласицкене (моминско презиме Кучина) е прилично безна на Федерацијата.
Иако Атлетскиот сојуз на Русија минатата среда објави дека на Светска атлетика и ги платил сите пари пропишани со казната од 5 милиони долари за кршење на правилата за допинг, како и 1,31 милион евра на име на камата, сепак дозвола за натпреварување нема.
Нема затоа што Русите не го претставиле својот план на реформи и својата борба за допинг, на што Светска атлетика ги обврзала.
Ласицкене јавно, на Инстаграм го искажа својот став:
„Рускиот Атлетски сојуз е циркуз со сите свои членови, кои се актери без ни малку срам. Претседателот на Сојузот, Евгениј Јурченко даде оставка пред еден месец, за подоцна да се врати како ништо да не се случило. Тие луѓе не би требало да ја претставуваат руската атлетика, само ни го нарушуваат угледот. Срамно е Министерството за спорт и рускиот Олимписки комитет да замижуваат на овој хаос“ – рече Марија Лисицкане.