Top Sport

Иниеста е подготвен да и помогне на својата Барса

Несомнено, Барселона е во тешка ситуација по катастрофата од Баерн во ЛШ. Навивачите шестоко бараат промени.

Барселона изминатите години се сврте кон доведување на звучни засилувања, а ја подзаборави „Ла Месија“ што очигледно беше голема грешка.

Многумина бараат оставка од претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу.

Навивачите се надеваат дека во клубот ќе се вратат легендите Андрес Иниеста и Чави Ернандез. Веруваат дека тие можат да ја променат ситуацијата на клубот од „Ноу Камп“.

На Твитер се огласи токму еден од повиканите, Иниеста и испрати прилично мистериозна порака.

„Одиме заедно да го направиме најдобриот клуб во светот“ напиша Иниеста на што доби голема поддршка.

Scroll to Top