Top Sport

Руската „амазонка“ е најмускулестата жена на светот

Наталија Кузнецова, или како што самата сака да се нарекува Наталија Амазонката е европска и светска шампионка во повеќе дисциплини во пауерлифтингот (верзија на кревањето товар) и во бодибилдинг.

26-годишната Кузнецова, која навистина има импресивни мускули, во интервју за „РТ“ зборуваше за желбата за враќање на натпреварувањата и за тоа како се однесува со „хејтерите“ на Интернет и во вистинскиот живот.

„Направив пауза поради ситуацијата во бодибилдинг натпреварувањата. Се подготвував за натпреварување во САД, но во последен момент ми ја откажаа визата и сега чекам повторно. На натпреварувањата повеќе трошам отколку што заработувам. Можеш да бидеш шампион, но немаш фанови. Јас најмногу сакам да сум во форма“, вели Кузнецова.

Инаку нејзините рекорди се следни, На клупа 175 килограми, 240 килограми стоечки и 280 килограми со клечење. Таа има 48 сантиметри бицепс, 74 сантиметри колк, 70 сантиметри половина, 127 сантиметри гради. Девојката е висока 170 сантиметри, а најмногу тежела 100 килограми.

„Големината не ми прави проблем. Има луѓе кои се поголеми од мене, мажи и жени. Мускулестото тело ти дава поголема предност отколку што ти создава проблеми. Секоја недела на Инстаграм имам 3-4 милиони прегледи. Најмногу се мажи, а исто така најмногу се од САД. Од Русија имам најмалку прегледи и најгрди коментари“, објаснува „Амазонката“

Scroll to Top