Top Sport

Агуеро се онесвестил на полувремето со Нигерија

Серхио Агуеро не го дочека крајот на пријателскиот натпревар Аргентина-Нигерија, во кој неговата репрезентација загуби со 4:2, откако се онесвестил на полувремето, јавуваат аргентинските медиуми.

Агуеро играше во првото полувреме и постигна гол во 36. минута откако доби добро проигрување од Кристијан Павон и Пауло Дибала. Ова беше втор гол на најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити во два натпревари за Аргентина, откако го постигна победичкиот гол против Русија во саботата.

Хорхе Сампаоли не го врати Агуеро за второто полувреме, внесувајќи го Дарио Бенедето. Аргентинските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат за можна повреда, а сега весникот „Ла насион“ тврди дека тој ја загубил свеста во соблекувалната во Краснодар. Тој веднаш бил однесен во болница, но веднаш реагирал на лекувањата и сега е на тестови за да се утврди причината за несвестицата.

Агуеро имаше сообраќајна несреќа во Амстердам во октомври, кога ги повреди ребрата. Тој се враќаше од концерт кога таксистот со кој се возеше удри во бандера.

Нема Меси, нема победа – Нигерија ја „смачка“ Аргентина (видео)

 

Scroll to Top