Руската ММА ѕвезда која настапува во Белатор федерацијата, Анастасија Јанкова вели дека постојано добива бизарни пораки од фановите на Инстаграм и дека дел од нејзините фанови сакаат таа да им е господарка.
Тетовираната поранешна кик-бокс шампионка, има над 195.000 следбеници на Инстаграм, кои ги „чести“ со разголеми фотографии, но и со демонстрација на својата сила. Таа последен пат се бореше во мај 2018 година во Лондон, но тоа не ја намали нејзината популарност.
„Има секакви луѓе. Некои сакаат да им дадам чевли да ми ги мирисаат нозете. Научив што е тоа. Има луѓе кои сакаат да седат во раце на силна жена. Слаби момчиња кои сакаат да бидат држени во раце. Некои дури и нудат пари. Некои пак, сакаат да ги удриш по тестисите, или да им бидеш господарка. Кога добив понуда да ми биде роб, се шегував дека ако ми ги мие садовите и ако чисти по дома, не би било проблем“, вели Јанкова.