Полицијата во Красногорск, градче во предградието на Москва, потврди дека отворила истрага откако на социјалните мрежи се појавија снимки на масовна тепачка на еден локален џиу-џицу турнир.
На „Московскиот зимски БЈЈ куп“ за деца во бразилски џиу-џицу, учесниците и гледачите на турнирот влегоа во општа тепачка, предизвикана од двајца помлади натпреварувачи. Кога еден од луѓето се обиде да ја сопре мешанцата, беше кренат и треснат од земја, по што настана општ хаос.
Видеото, секако, стана вирално во Русија со стотици илјадници прегледи на различните руски платформи, по што се јави и локалната полиција која најави детална истрага.